И годинава, на 24 септември, организиравме Национален саем на социјалните претпријатија во земјава. Саемот, се одржа во соработка со програмата Цивика мобилитас, како дел од Саемот на социјални претпријатија и граѓански организации.
Триесетина социјални претпријатија и повеќе од 70 граѓански организации ги претставија своите производи, услуги и напори да изградат инклузивно општество.
Саемот, свеченото го Александар Кржаловски, директор на МЦМС, Н.Е Вероник Улман, Амбасадорка на Швајцарската Конфедерација во С. Македонија, Н.Е Дејвид Гир, Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и Барбара Садовска, Тим лидерка на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.
„Овој Фестивал го слави граѓанското општество и неговиот придонес кон општеството и граѓаните“, рече Амбасадорката на Швајцарија во земјава, НЕ Вероник Улман на официјалното отворање на Денот на граѓанските организации и социјалните претпријатија што се одржа на 24 септември 2022 година пред Дом на АРМ, зад спомен куќата „Мајка Тереза“ во Скопје. „Силно, разнолично и динамично граѓанско општество е важна димензија за функционалната демократија“, додаде таа. За Амбасадорката Хулман, предизвиците остануваат и основните вредности се под притисок. „Поларизација меѓу граѓаните, ризици од корупција, неефикасно користење на ресурсите, дискриминација, сиромаштија, енергетска криза и климатски промени. Во вакви турбулентни времиња улогата на граѓанското општество станува уште поважна не само во обезбедувањето услуги за луѓето туку и во помагањето на креаторите на политики да најдат решенија за тековните и проблемите кои доаѓаат“, рече таа.
„Социјалното претприемништво е во почетна фаза. Основата е воспоставена, стратегијата е усвоена, нацрт законот е подготвен. Значи, сега е време да се тргне напред. Европската Унија веќе помага, а спремни сме да направиме и повеќе. Помогнавме во носењето Национална стратегија и нацрт закон, во воспоставувањето центри за поддршка, вклучително и овој во Скопје. Спремни сме да обезбедиме фондови и консултации за да ја продолжиме поддршката на социјалните претпријатија.“ Н.Е Дејвид Гир, Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија
„Да не ја заборавиме солидарноста, барем не за време на оваа криза. Сите компании да видат пример во сите овие социјални претпријатија. Генерирање на големи профити на грбот на нашите граѓани и сограѓани, не само што не е солидарно, туку и ќе се преслика во лицето на нашите идни генерации. Оваа Влада го препозна потенцијалот и потребата од социјално претприемништво, и наште политики се ориентирани кон интеграција на на истото во економијата.“ Г-дин Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции
„Гледам голем прогрес, гледам голем интерес кај граѓанските организации, но и отвореност на институциите и приватните компании….Социјалното претприемништво е ревизија на економскиот систем, а заедно со Центарот креираме екосистем за развој на социјалното претприемништво“ Барбара Садовска, тим лидерка на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.
Во склоп на Саемот на социјални претпријатија и граѓански организации организиравме обука за јавни набавки со градоначалници од С. Македонија и градоначалници од земјите членки на ЕУ. Законот за јавни набавки отвора можности за поддршка на социјалните претпријатија на локално ниво.
Исто така, како дел од програмата на Саемот, но и дел од напорите за поддршка и развој на социјалните претпријатија, во Центарот за социјални препријатија се одржа Pitching session – каде социјалните претпријатија Бренд солушнс, Асоцијација за помош на хендикепирани и сиромашни, Кафе Бар О2, IN VIVO, Хотел Даљан, Здружение на независни уматници – Иднина на традицијата, и Челенџер ги претставија своите бизнис идеи пред 13 компании, потенцијални инвеститори.