Главна цел на проектот
Да се поддржи и обезбеди долгорочно и одржливо вработување и деловни можности за ранливи и маргинализирани групи.
Цел на проектот
Да се воспостават структури за поддршка на социјалните претпријатија коишто ќе обезбедат низа услуги како што се трансфер на знаење и директна поддршка за градење на капацитети, формално и неформално образование и обука, бизнис едукација, организација на настани, споделување канцелариски простор или опрема.
Да се зајакнат капацитетите на структурите за поддршка да можат да го анализираат и следат пазарот на социјални претпријатија, да ги идентификуваат потребите, да помагаат во развивање и промовирање на нови услуги, како и да ги олесни прилагодувањата на политиките и законската рамка со цел да се создаде погодна средина за развој на социјални бизниси.