Во далечната 2000 година група ентузијасти дошле до идеја да изградат социјален центар преку кој ќе може реализираат социјалните проекти за помош.
Како прв и мега проект на Дијаконија Македонија и Мис Стон Центар – Струмица е проектот наречен „Храна на тркала“. Проектот започна во 2001 година и до ден денес сеуште функционира.
„Храна на тркала“ обезбедува оброк за болни, инвалидизирани, стари и социјално загрозени семејства
Проектот функционира на тој начин што во професионалната кујна на Дијаконија Македонија, Мис Стон Центар – Струмица се готви храната каде што и истата се пакува во специјализирани термоси и истата се транспортира до самите домови на нашите корисници. Менито секогаш е составено од супа, главно јадење и десерт. Во моментов имаме опфатено 180 лица корисници на овој проект, но и огромен список на лица кои што чекаат да бидат вклучени.
Во 2010 година започна се отпочна нов проект, доста популарен во тој период поради брзиот развој на компјутерската технологија. Согледувајки ја ситуацијата каде што лицата со интелектуални и телесни попречености не се во можност да пристапат до компјутерите, организацијата го започна прокетот „И јас можам да работам на Компјутер“
Проектот ги опфаѓа лицата со попречености и ги оспособува да работат со компјутерот, односно да ги користат новите технологии. а потребите на проектот подготвен е специјализиран учебник за полесно да може овие лица да го совладат материјалот, а опремена е и специјализирана училница полесен пристап до компјутерите.
Организацијата работи и на многу други бројни проекти кои ја покриваа мигрантската криза, обезбедуваат нега во домот на стари и изнемоштени лица, даваат помош при елементарни непогоди, изградба и реновирање на куќи за стари, бездомни лица и социјално загрозени лица, рециклираат користена облека.
Мотивите и плановите на Хуманитарното здружение Дијаконија се големи, а организацијата и продолжува понатаму да работиме на социјалното поле, онаму каде што е најпотребно.