Осумчлена делегација од Република Полска, предводена од г-ѓа Барбара Садовска, тим лидер на проектот „Поддршка на социјални претпријатија“ и основач на Фондацијата „Барка“ од Полска, вчера, на 26 септември 2022, беа во посета на Општина Велес.
Градоначалникот на Општина Кробија г. Лукаш Кубиак, секретарката г-ѓа Данута Потравиак, претставници од социјални претпријатија од Полска, како и Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г.Сашо Мошев, остварија средба со градоначалникот на Општина Велес, г. Марко Колев.
На средбата, гостите ги разменија своите искуства во однос на моменталната состојба на социјалното претприемништво во двете земји, како и дискутираа за можностите кои локалната самоуправа може да ги создаде за подобрување на истото.
Исто така, ден претходно, делегацијата градоначалници од земји членки на ЕУ беше во посета на градоначалникот на Вевчани.