Осумчлена делегација од Република Полска, предводена од г-ѓа Барбара Садовска, тим лидер на проектот „Поддршка на социјални претпријатија“ и основач на Фондацијата „Барка“ од Полска, вчера, на 26 септември 2022, беа во посета на Општина Велес.
Градоначалникот на Општина Кробија г. Лукаш Кубиак, секретарката г-ѓа Данута Потравиак, претставници од социјални претпријатија од Полска, како и Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г.Сашо Мошев, остварија средба со градоначалникот на Општина Велес, г. Марко Колев.
На средбата, гостите ги разменија своите искуства во однос на моменталната состојба на социјалното претприемништво во двете земји, како и дискутираа за можностите кои локалната самоуправа може да ги создаде за подобрување на истото.
Исто така, ден претходно, делегацијата градоначалници од земји членки на ЕУ беше во посета на градоначалникот на Вевчани.
Comments are closed
Центар за социјални претпријатија:
бул. Македонија бб, Скопје
(зад Спомен-куќата на Мајка Тереза)
Тел.: +389 2 329 05 59
е-пошта: centarsp@mtsp.gov.mk
Работно време:
понеделник-петок, 9:00-17:00
Проектот е финансиран од:
Европската Унија
Договорен Орган:
Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија
Корисник:
Министерство за труд и социјална политика (МТСП)
Проектот е имплементиран од:
ЕПТИСА во конзорциум со БАРКА и ЕКОРИС
Времетраење на проектот:
28 месеци (04/2020 – 08/2022)
Интернет страницата е креирана и се одржува со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на Ептиса и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.