Во периодот од 25 – 30 јули 2022 година, проектот организираше студиска посета на Полска, во регионот на Познањ и околните општини кои се дел од националната мрежа за соработка во социјалното претпримништво. 23 учесници од различни министерства, општини, социјални претпријатија и регионални центри за поддршка на социјалното претприемништво од Република Северна Македонија имаа можност да видат полски примери на локални партнерства помеѓу општини, компании, социјални претпријатија, и сите други кои соработуваат за придобивките од одржливиот локален развој и за нивните граѓани.
Меѓународната студиска посета на Полска е една од најважните активности планирани во рамките на проектот бидејќи ја отелотворува практичната страна на учењето за социјално претприемништво и размената на добри практики.
На првиот ден од посетата, групата го посети седиштето на Фондацијата Барка во Познањ каде се сретна со претставниците на Центарот за поддршка на социјалните претпријатија Вилкополска и Центарот за социјална интеграција. Групата сподели добри практики и трансфер на знаење во врска со напорите за социјално претприемништво на Фондацијата Барка. Како научен дел од студиската посета, двајца членови на Барка, Роберт и Валдек ги споделија своите животни приказни, презентирајќи го механизмот на интеграција во заедницата благодарение на поддршката на луѓето кои доживеале зависност и бездомништво.
Во Фондацијата Барка, лидерите играат важна улога во поддршката на другите на кои им е потребна. Ова е механизам за самопомош кој ги поддржува не само сиромашните лица, туку ги овластува и оние кои обезбедуваат поддршка и зајакнување. Лидерите исто така ги споделија искуствата на Фондацијата Барка во странство (Велика Британија, Ирска, Холандија, Белгија, Франција, Германија, Исланд, Канада, Африка), каде што лидерите на Барка се ангажирани како тим за поддршка за да работат со Полјаците и националните субјекти.
Презентацијата на Барка беше проследена со конференција на засегнати страни со учесниците на македонската делегација и почитувани гости од Полска, претседатели на совети, граѓански организации и СП од регионот Вилкополска, експерти за реинтеграција, деловни активности и анимација на локалните заедници итн.
Последниот дел од студиското патување на 26 јули беше посетата на социјалното претпријатие „Невидлива улица“, кое обезбедува изложба во темнина за секојдневните посетители. Ангажира шест слепи и слабовидни лица кои се водичи на улица која е за лицата со вид кои сакаат да искусат како функционира во целосен мрак и кои со посета на едно вакво социјално претпријатие градат чувство на емпатија и повисоко свесност за предизвиците на различните ранливи групи. За учесниците на студиската посета, тоа беше уникатно искуство бидејќи беа трогнати од начинот на кој граѓаните со визуелен предизвик се способни да управуваат со својот секојдневен живот во целосна темнина. Ова искуство придонесува за подигање на свеста на граѓаните, што е една од целите на социјалното претпријатие, освен вработување на маргинализирани групи.
Вториот ден од посетата беше посветен на локации во Турово/Пниеви, Квилч и Чудобзице, за средби со социјалните претпријатија и локалните власти. Групата ја започна турнејата од Турово каде Фондацијата Наша АРКА води социјално претпријатие кое обезбедува социјални услуги за стари лица. Имаат дневен центар за грижат на 30 лица. Потоа македонската делегација продолжи кон месната заедница Квилч, во посета на непрофитната компанија Друштво за вработување Дијаконија и во социјалната населба која е изградена од оваа непрофитна компанија. Изградени се 8 станови од добивката на социјалната економија, реинвестирана за поддршка на работниците кои претходно биле бездомници.
Следна на дневен ред беше фабриката на Друштво за вработување Дијаконија, која основана пред 10 години од фондацијата Барка, локалната власт на Квилч, Здружението за луѓе и животна средина и Дијаконија од Германија. Во статутот на компанијата Дијаконија добивката не се дели меѓу сопствениците, туку целосно се реинвестира за поддршка на ранливите работници и за доброто на локалната заедница. Потоа, делегација се пресели во заедницата Чудобчице Барка, Центарот за социјална интеграција (ЗНД) и еколошката фарма.
Во текот на третиот ден од студиската посета, делегацијата ги посети социјалните претпријатија кои тесно соработуваат со локалните општини лоцирани во Срода, Самотули, Рогожно. Македонска делегација ги посети социјалните претпријатија/задруги Тарока, Опус, ЗНД, Рогожно, Музејот на Рогожно, а имаше средби со градоначалници и други претставници од институции и граѓански здруженија.
Четвртиот и последен ден од студиската посета беше во Варшава, посветен на средби со министерствата, секторот за развој на социјалната економија, потпишување на Меморандум за соработка и средба во Националната банка за развој.
Министерката за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, Јованка Тренчевска оствари билатерална средба со Министерката за семејство и социјална политика на Република Полска, Марлена Малаг. За време на официјалната посета на македонската делегација, двете министерки потпишаа Меморандум за соработка меѓу министерствата од двете земји.
Целта на студиската посета беше повеќеслојна по својата природа, да се информираат, едуцираат, инспирираат и мотивираат македонските релевантни министерства, институции, социјални претпријатија и регионалните центри за поддршка за развој на социјални претпријатија, да ја внесат теоријата и практиката. Да дознааат повеќе за законите и регулативите, процедурите за јавни набавки, управувањето со социјалните претпријатија, да го откријат потенцијалот за развој на финансиски инструменти од една страна и да ги мотивира локалните власти, центрите за социјални услуги, агенциите за вработување, компаниите и другите локални чинители да го користат социјалното претприемништво како ефикасна алатка за социјална интеграција на ранливите групи.
Така, студиската посета беше одлична можност за заинтересираните страни во проектот да донесат добра практика на едно место кога станува збор за социјалното претприемништво, при што концептот на социјална економија практикуван во Полска како земја домаќин е извор на инспирација, мотивација и саморефлексија за тоа што треба да се направи во С. Македонија и какви можности може да се создадат со социјалното претприемништво како алатка за социјална интеграција на сиромашните групи.
Искуствата од студиската посета треба да послужат за борба против сиромаштијата, невработеноста, локалниот развој и да придонесат за враќање на достоинството и самопочитта на сопствените граѓани. Тоа може да се направи преку создавање на правна и финансиска рамка за развој на социјална екомонија во Македонија.