Регионалниот саем на социјални претпријатија од Југозападниот регион, организиран во соработка со Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија – Фондацијата за поддршка на претпријатија ЕСА Охрид се одржа на 25 септември 2022, пред хотелот Нова Ривиера во Охрид.
Единаесет социјални претпријатија од д Југозападниот плански регион ги изложија и претставија своите органските производи, ракотворбите и услуги.
Заменикот градоначалник на Општина Охрид, Перчо Божиновски, официјално го отвори Регионалниот саем.
„Социјалните претпријатија од иновативен економски модел еволуираа во стандарден и се` почесто се застапени. Тие овозможуваат инклузија на сите лица кои останале без сигурна егзистенција…Самото работење на ваквите компании треба да послужи како пример и да ги охрабри останатите економски чинители да се приклучат со совј придонес во овој процес.“ изјави Божиноски.
Во склоп на Регионалниот саем се одржа работилница за користење на Законот за јавните набавки и можноста за резервирани договори за поддршка на социјалните претпријатија. На работилницата, нашите гости од земји членки на ЕУ кои се во посета на С. Македонија преку Вишеградската група, споделуваат искуства од Полска.