Со идеја да се презентира и поддржи модел за имплементирање на поразличен и поактивен пристап во обезбедувањето поддршка на локалните заедници и на луѓето од ранливите категории, а со цел нивна подобра интеграција во општеството, како и развој на нивните претприемачки вештини, проектот организираше шест регионални и еден национален саем за социјално претприемништво низ државата.
Настаните организирани со поддршка од Регионалните центри за поддршка од секој регион беа одлична можност за иницијативите на социјалните претпријатија со силна социјална мисија да ги промовираат своите висококвалитетни услуги и производи, притоа обезбедувајќи одржливо решение за ранливите категории на граѓани.
Регионалните саеми организирани во Велес, Штип, Куманово, Битола, Охрид и Струмица, како и Националниот саем во Скопје, беа одлична можност за 151 социјално претпријатие и невладина организација кои имаат економска дејност да ги презентираат своите производи и услуги, својата социјална мисија, како и претприемачките идеи и потенцијали. Саемите, исто така, претставуваа огромна можност за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување поддршка од општините, како и преку дискусија за финансиска поддршка, менторство и друг вид на поддршка од различни засегнати страни.
Велес
Регионален саем на социјални претпријатија од Вардарскиот регион
Штип
Регионален саем на социјални претпријатија од Источниот регион
Скопје
Национален саем на социјални претпријатија
Куманово
Регионален саем на социјални претпријатија од Североисточниот регион
Битола
Регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
Охрид
Регионален саем на социјални претпријатија од Југозападниот регион
Струмица
Регионален саем на социјални претпријатија од Југоисточниот регион