На платото пред Офицерскиот дом во Битола, на 30 септември 2022, се одржа вториот Регионален саем на социјалните претпријатија од Пелагонискиот регион.
Градоначалникот на Општина Ресен, г-дин Јован Тозиевски, го отвори саемот. „Овој проект е од ислучителна важност. Секоја додадена вредност, за секое лице што ќе научи нешто ново, е многу потребно во ова време невреме, каде што се повеќе, од ден на ден, ги губиме кадрите од секој вид. Затоа, ние општините, да си го пронајдеме местото и да дадеме вредност на ваквите проекти“ нагласи Тозиевски.
Во рамките на саемот се одржа и работилницата за општинската администрација од општините во пелагонискиот регион за користење на Законот за јавните набавки и можноста за резервирани договори за поддршка на социјалните претпријатија.