Медиумите играат голема улога во подигањето на јавната свест за социјалното претприемништво. Со идеја да ги информираме и да ги инспирирме да го следат внимателно развојот на социјалното претприемништво во земјава, на 8 јуни 2002, во Центарот за поддршка на социјални претпријатија се одржа работилница за новинари, под водство на нашата експертка на комуникации, Ратка Пемова и тим лидерката Барбара Садовска.
На работилницата, на која учествуваа десет новинари, се разговараше за различните аспекти на социјалното претприемништво.
Новинарите добија информации за степенот на развој на социјалната економија во ЕУ, како и информации за состојбите во земјава, како што се усвојувањето на Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија која ги дефинира основните цели и активности за периодот 2021-2024 година, процесот на подготовка на Законот за социјални претпријатија кој ќе ги дефинира потребните критериуми за регистрирање социјални претпријатија, но ќе овозможи и поголем кредибилитет и интерес за социјалните претрпријатија како модел на старт ап, снабдувач на улуги и како можност за инвестирање.
Новинарите исто така се информираа и за улогата на социјалните претпријатија во намалувањето на сиромаштијата и на невработеноста, и можноста да бидат надополнување на пазарот на труд во економии каде има недостиг на млади кадри кои се отселуваат од земјата. Социјалните претпријатија имаат цел да обезбедуваат решенија за постоечките општествени проблеми. Потенцијалниот обем на активности на социјалните претпријатија е широк и покрива разновиден спектар на економски, социјални и еколошки прашања.