Дали компаниите можат да го поддржат социјалното претприемништво?
На 13 јуни 2002, во Скопје се одржа Конференцијата за поддршка на социјалните претпријатија наменета за промоција на социјалното претприемништво пред приватниот сектор.
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин ја отвори Конференцијата со искрена заложба за развој на социјалната економија и поддршката што е потребна за развој на социјалното претприемништво. Според Хусејин, вложувањето во развој на еко-системот за социјални инвестиции подразбира креирање култура за социјални инвестиции, пилотирање на иновативни финансиски инструменти, но и други ресурси и можности за финансиска поддршка за социјалните претпријатија.
“Националната Стратегија за социјални претпријатија е скицата на еко-системот кој го градиме како Министерство за труд и социјална политика во соработка со сите заинтересирани страни, вклучително донаторската задница, граѓанското сектор и институциите. Секако, имплементацијата на оваа стратегија е надополнета и со национален координативен механизам за следење на имплементацијата. Оваа есен ќе го подготвиме првиот извештај од спроведување на стратегијата и Акцискиот план”, рече заменик министерот Хусејин.
Покрај заменик министерот за труд и социјална политика, на конференцијата се обрати и Амбасадорот на Република Полска во Скопје, НЕ г. Војчек Тичински.
Начините за поддршка на компаниите на социјалните претпријатија, односно финансиските алатки ги презентирааа Барбара Садовска, тим лидер и експертката Тереза Загродска, од проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.
Претставници од социјалните претпријатија „Избор“, „Еднаквост“, „Мама органа“ и „Ин Виво“ со своите излагања го приближија концептот до компаниите, нудејќи и начини за тоа како истите да се вклучат, било како инвеститори или инволвирајќи ги социјалните претпријатија во својот синџир на набавки.
На панел дискусијата за добри практики учествуваа Душан Томшиќ од МТСП, Пол Бушотс – Манус, Белгија, Виктор Мирчевски од Конект, Бесир Дерњани, претставник на Фондацијата Албиз и Филип Ивановски од Пакомак.
Солидарните претпријатија, приватните компании, банките и локалните власти дискутираа како компаниите да бидат посолидарни, а социјалните претпријатија да го зголемат својот претприемачки дух. Во убавата атмосфера полна со искреност и релевантни теми се слушнаа сериозни залагања за поставување на развојот на социјалното претприемништво како приоритет, затоа што должност на државата е да ја развие социјалната економија преку која ќе ги интегрира ранливите категории и ќе ги направи активни придонесувачи, а не само примачи на социјална помош.