На крајот на мај 2022 година, проектот објави повик за избор на лого, придружено со слоган – повик за акција, кој понатаму ќе се користи/аплицира како лого на стоки и услуги од страна на социјалните претпријатија во земјата.
Главната цел на избраното лого е да обезбеди препознавање на брендот кај клиентите, потрошувачите, пошироката јавност за лесно идентификување и поддршка на работата на социјалните претпријатија. Победничкото лого ќе се користи во пракса за да се рекламира фактот дека стоките или услугите обезбедени од социјалните претпријатија што го користат се создадени за социјална цел, а не за профит.
Повикот беше отворен 4 недели, односно до крајот на јуни година. Пристигнаа 48 предлози од 32 различни субјекти (некои имаат обезбедено и до 3 логоа). Имаше предлози од истакнати дизајнери, професори по дизајн, рекламни агенции но и од млади луѓе, почнувајќи од 17 години.
Комисијата за оценување беше составена од пет члена со цел да се обезбеди непристрасна одлука, составена од луѓе кои работат на комуникација, претставници од МТСП и надворешен експерт, за да се земат предвид повеќе аспекти и ставови.
Во серија состаноци, комисијата за оценување ја оцени релевантноста на предложените концепти, оригиналноста и уметничкиот аспект, естетската привлечност и приспособливоста.
Од исклучителна важност беше да се процени дали предложените концепти се однесуваат на социјалното претприемништво – каде што во фокусот е општеството наместо профитот, дали предизвикуваат интерес и градат свесност врз основа на оригиналност и на крај, дали е слоганот очигледно поврзан со социјалното претприемништво.
Тројцата кандидати од потесниот круг имаа можност да ги презентираат во живо своите концепти. Врз основа на првичното бодување и презентациите, комисијата за оценување едногласно го избра предложеното решение од Столе Китиновиќ за победник на Повикот.
Логото на победникот е едноставно, симболизирајќи ги несовршеностите со кои треба да живеат маргинализираните групи. Воедно се работи за две лица кои се ракуваат и на некој начин станува збор за деловна личност. Боите покажуваат разновидност и можат да бидат направени во исти бои како и визуелниот идентитет на Центарот за социјални претпријатија, правејќи врска помеѓу двете.
Слоганот – Поддржи, промени овозможи! е повик за акција, но не поврзан со купување, што треба да биде попозитивно сфатено од граѓаните. Најинтересно е што зборот промени може да се замени во копијата на кампањата или употребата на социјалните препријатија што им носи посебна вредност на предлозите. Како што е претставено подолу, може да се смени во инклузивно општество, чиста средина итн. во зависност од темата, што е многу добро за разновидна и креативна примена.
Дополнително, логото може да се користи како печат, а исто така и во негатив. Може да биде на позадина со различна боја во зависност од секторот во кој се наоѓа социјалното претпријатие.