Во своите 25 години постоење Асоцијацијата на лица со церебрална парализа и останати попречености од Велес работи на подобрување на животот на децата и младите со попреченост. Покрај вообичаените активности како што се обезбедување на пристапност и инклузија во редовното образование оваа асоцијација решила да осмисли и нови иновативни социјални услуги за да им се помогне како на овие луѓе така и на нивните семејства.
Па така, се започнало од едно обично берење лаванда, каде се родила идејата дека доколку има поле на кое ќе се култивира истата тие средства ќе се користат за потребите на лицата со попреченост. Глобалниот еколошки фонд на Обединетите нации наменет за мали грантови го поддржал проектот и така започнала оваа, сега веќе успешна приказна. Сега асоцијацијата има полиња со лаванда, босилек, чубрика и нане каде со помош на сушара и дестилатор од билките се создаваат производи како што се торбички, тинктури, чаеви, креми, сапуни, етерични масла итн. Продавајќи ги асоцијацијата обезбедува средства за својата мисија, вистинска социјална економија!
„Лицата со попреченост живеат во мали групни домови, сега имаме 3 но заклучно со јуни ќе бидат веќе 4. На лицата што живеат таму им треба 24 часовна нега, нешто што чини доста, па концептот што го смисливме многу ни помага. Целата добивка од полињата со билки го користиме за социјални услуги.“ вели алиборка Златева, претседателката на ова здружение.