Менторската поддршка беше една од активностите на проектот за градење капацитети, со цел зајакнување на социјалните претпријатија. Во текот на март и април 2022 година, вкупно 26 организации од сите региони на земјвта и различни области на работа беа поддржани од ментори за најразлични аспекти од нивниот бизнис, како што се: прибирање средства, развој на бизнис, техники за продажба, развој на социјален бизнис модел и сл.
Олга Рајчиќ, извршен директор и косопственик на Челинџер и една од менторираните сопственици на мал бизнис: „Еден од најдобрите начини да се подобрите себеси и вашиот бизнис е да имате ментор кој ќе ви даде совети и трикови за да надминете некои од вашите пречки. Ова менторство и помогна на нашата компанија во многу аспекти како што се продажбата, подобрувањето на производот и пазарната стратегија. Благодарна сум што тесно соработував со ментор кој и самиот е претприемач, затоа што нè разбра како никој друг досега! За кратко време научив многу и добивме тројца нови клиенти. Ја сум повеќе од благодарна за ова искуство со менторство“.
Јован Сталески, ментор на кафе бар„О2 Мр“: „Мартин и Радмила сакаат да го прошират бизнисот со производство и испорака на пица. Како ментор на Мартин и Радмила разбрав колку голема може да биде нечија волја да успее заради себе, но и заради заедницата на глувите. И добив доказ дека секој човек има потенцијал да ги оствари своите желби и копнежи во нешто конкретно, убаво и одржливо. А тоа е нивната социјална мисија – да успеат прво за себе и да можат да го споделат знаењето и инспирацијата со другите обесправени млади во Македонија“.